Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, против неамнестираните обвинети.
Судскиот процес се наоѓа во завршна фаза и на денешното рочиште се очекува обвинителката Вилма Рускоска да изврши промена на обвинителниот акт согласно Законот за амнестија и да се започне со изнесување завршни зборови.
Судењето за случајот „27 април“ почна во август минатата година против вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување, а со Законот за амнестија беа помилувани 15 обвинети.