Судењето за случајот ТНТ продолжува денеска со нов состав на судечкиот совет. На вчерашното рочиште повторно не се појави обвинетиот Тони Трајковски. Тоа беше второ непојавување на Трајковски, откако поради немање уредна покана не се појави и на претходното рочиште.
На денешното рочиште најверојатно Трајковски по наредба од судот ќе биде присилно спроведен на суд. За делото се обвинети повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.