Денес не очекува облачно време со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Според УХМР, утринската температура на целата територија на државата ќе биде под нула, а на некои места ќе достигне и до -6 степени. Дневната температура во југоисточните делови на земјата ќе се искачи до 3 степени.
Во Скопје облачно време со врнежи од снег и температура под нула која ќе се движи од -5 до -1 степен.
Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.