Христијан Мицкоски ја заостри својата реторика, далеку поминувајќи ги сите граници на нормална и пристојна јавна комуникација. Тој речиси отворено упати закани со лквидација до премиерот Заев, се закани со „жесток одговор“ на сите негови соработници, а неговите настапи изобилуваат со говор на омраза и повици на насилство.
Во ГОБ „8 Септември“ имаше уште еден хистеричен испад, по тепачката во која беа инволвирани Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во затворот во Шутка. Пред болницата, тој продолжи со потпалувачки говор, користејќи се со лаги и полувистини.
Мицкоски беше тема и на колумните на Сашо Орданоски (Миле и Спире во челустите на животот) и Џабир Дерала (Политички шунд и порнографија), објавени на ЦИВИЛ Медиа, Плусинфо и Слободен печат.
СДСМ го повика да се извини, а премиерот Заев кажа дека размислува и за тужба, нарекувајќи го однесувањето на Мицкоски „забегано“.