ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите слабо посетени протести што му нанесуваат штета само на сообраќајот во главниот град. Овој пат најавија нов протестен марш од 17 до 19 часот во Скопје, како што велат „црнилата“.
„Ние сме против политичките црнила, против неправдата и несигурноста, против црното политичко мочуриште каде прогонот станува закон, а законот мета за поткусурување. Сме против општествените црнила, против загрозеното здравје на граѓаните и нефункционалниот здравствен систем и тивкиот убиец загадувањето кое наместо да се намалува, се мултиплицира“ – соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
Д.М.