Во текот на викендот во Албанија и Србија се протестираше против власта. Во сабота во Тирана повеќе од сто илјади граѓани протестираа против владата на Рама. На протестите се обрати Лулзим Баша, лидерот на Демократската партија којшто ја нарече криминална, актуелната влада, и Моника Круемади, лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција, којашто порача дека секој иден премиер треба да направи психолошка анализа пред да биде назначен. Протестите беа тензични, траеа повеќе од 4 часа, демонстрантите го пробија полицискиот кордон, запалија едно возило и контејнери за отпад. Петмина полицајци беа повредени во текот на протестите. Полицијата употреби водени топови и солзавец против демонстрантите. Приведени се 20 демонстранти. Баша порача дека протестите нема да стивнат се додека не падне владата на Рама.
Во Белград вчера попладне продолжи протестот „Еден од пет милиони“ собраа граѓани во протест против режинот на Александар Вучиќ. Демонстрантите бараа оставка од премиарката Ана Брнабиќ и претседателката на парламентот Маја Гојковиќ, и формирање заедничка комисија на владата и опозицијата за дефинирање на изборни услови, избор на нов состав на Регулаторното тело за електронски медиуми и избор на технички и уметнички тим на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина. Според Министерството за внатрешни работи, протестирале околу 7.500 граѓани, а според опозицијата, 35. 000 граѓани. Вучиќ не им се обратил на демонстрантите, наводно, заради бројката на насобраните демонстранти. Протестите се одвиваа мирно.
Д. Т.