„Блокови со ученици и просветни работници“, „Нов Белград шета за образование“ се дел од паролите со кои жителите на Нов Белград ги повикаа своите сограѓани денеска масовно да се соберат на улиците на таа општина и на тој начин да им дадат поддршка на учениците и просветните работници, пренесува Н1.
Протести ќе има и во Чукарица, Видиковац, Жарково… А во Ниш е организирана протестна прошетка до Мерошина на 15 километри.
Протест денеска се одржа и во Љубљана, во знак на поддршка за барањата на студентите во Србија, но и против градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, за поддршката за српскиот претседател Александар Вучиќ.
Комеморативната акција „Стоп, Србија“ се одржа во повеќе градови во Србија, како и секој ден, во 11:52 часот, кога граѓаните им оддадоа почит на 15-те жртви од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, пишува Н1.