• Latest

Протоколот ќе биде објавен денес откако ќе го потпишат Османи и Генчовска

July 17, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протоколот ќе биде објавен денес откако ќе го потпишат Османи и Генчовска

July 17, 2022 09:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реципроцитетот е принципот на кој се заснова Протоколот, кој денес ќе биде потпишан во Софија, каде заминува шефот на дипломатијата Бујар Османи.

На состанокот, како што брифираа од МНР, на меѓувладината комисија што ќе се одржи денеска во Софија ќе се усвојат точките од Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Протоколот е всушност записник од средбата, во кој се прави пресек на тоа што е направено од минатиот состанок до денес. Содржината е различна, од онаа што ја објавуваа бугарските медиуми и е усогласена со францускиот предлог, а документот целосно ќе биде објавен денес откако ќе го потпишат Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска.

Реципроцитетот, како што најавија дипломатски извори, ќе се почитува во сите сфери, но нема да се примени во однос на правата на Македонците во Бугарија, поради ограничувањата во бугарскиот Устав, кој не признава етнички заедници. Таму, како што посочуваат од МНР поради тие ограничувања, милион Турци се изјаснуваат како бугарски државјани.

Внесувањето на Бугарите во Уставот останува услов за отворање на поглавјата, а во Протоколот е наведено дека тоа ќе се реализира со формулацијата – припадници на други народи, каков што е бугарскиот народ.

-Првата фаза од почетокот на преговорите, почнува во вторник, на 19 јули, кога воедно се чита и отварачката изјава, потоа почнува процесот на скрининг, кој ќе трае година и пол, пред да се отворат поглавјата има уште една меѓувладина конференција, но претходно треба да се исполни условот околу измените на Уставот, што е всушност компромисот во овој пакет, брифираат дипломатски извори.

Протоколот се состои од неколку точки, од кои првата е преглед на постигнатото, односно преглед на политички дијалог, што подразбира колку средби имало од 2019 година, на ниво на премиери, на ниво на министри итн., како и преглед на секторската соработка. Во него се содржани и точките од пакетот, односно темата историја, рехабилитација на жртвите на репресијата од комунистичкиот режим, говор на омраза, права на бугарска заедница и почеток на преговори, како и прашањето за потпишување на договорот со ФРОНТЕКС.

За ФРОНТЕКС, како што велат дипломатски извори, тоа ќе биде првиот договор во историјата на Република Северна Македонија со чист македонски јазик.

Во документот е предвидено и заедничко чествување на историски личности, но откако за тоа ќе се договорат членовите на истоирската комисија. Работата на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, како што посочија дипломатски извори, не може да биде еднострано прекината. Какво решение и да има, истото мора да се прифати од двете страни, инаку обврската не може да биде еднострана. Таа нема да има рокови во работата, туку охрабрувања.

Според дипломатски извори историските и билатералните прашања не се одредници по кои ќе се оценува прогресот на патот кон ЕУ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ