• Latest

Протоколот за НАТО помина во Комисијата на францускиот Парламент, се очекува утре и пленарна седница

November 20, 2019
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протоколот за НАТО помина во Комисијата на францускиот Парламент, се очекува утре и пленарна седница

November 20, 2019 15:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска со многу убаво мнозинство помина ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во Комисијата во францускиот Парламент и се очекува утре да помине на пленарна седница. За Шпанија не би сакал да ги ставаме баш под лупа, се разбира дека има огромна политичка волја и таа последна ратификација да се финализира за конечно НАТО да добие 30-та земја членка.

Ова денеска во Брисел го изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Алијансата, што претставува последна подготовка за лидерската средба на Североатланскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.

– Мислам дека е неблагодарно сега да прогнозираме кога ќе формираат влада иако тие имаат автентичен изворен интерес тоа да го направат побрзо. Битно е дека сме тука, учествуваме во работата веќе како да сме членка, порача Димитров.

Рече дека ги видел просториите на идната мисија на Република Северна Македонија во Алијансата и, како што рече, околу нас е Секретаријатот на Алијансата и имаме стратешки поглед на главниот влез на Алијансата.

– Ова е мое второ учество како поканета земја во својство на министер за надворешни работи, првиот ми беше во април на роденденот на Алијансата во Вашингтон. Тука сме да разговараме за темите за коишто се актуелни во НАТО, безбедноста 360 степени, рамноправно споделување на товарот во смисла и на финансии и на учество во мисии, геополитичката ситуација во светот и односите со другите актери, справување со хибридни закани. Овој министерски состанок е пред се во насока на лидерскиот состанок на 3 и 4 декември во Лондон и во таа смисла ќе разговараме за финалната изјава што ќе излезе од лидерите на 4 декември во Лондон, истакна Димитров.

Најави дека ќе оствари повеќе билатерални средби меѓу кои и со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, како и со многу други, меѓу кои и со новиот заменик на генералниот секретар Мирчеа Џоана, за кого рече дека е долгогодишен пријател на македонската приказна.

Во врска со тоа ккао во Брисел поминува предлогот на Франција за редефинирање на преговарачкиот процес, рече дека синоќа околу тоа прашање имал неколку разговори со министри од земјите членки кои беа на Советот за општи работи.

– Состанокот поминал во добра атмосфера, има апсолутен консензус дека местото на сите земји од Западен Балкан е во ЕУ како членки и мислам дека на пат сме наместо едни наспроти други земјите да работат заедно да создадеме услови за успех и наш, и на регионот и на Европската унија. Со тоа што мислам дека треба повеќе да работиме, а помалку да ветуваме, посочи Димитров.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ