• Latest

Прва меѓувладина седница на Северна Македонија и Косово, ДИК го усвои ревидираниот роковник, попишани 711.418 граѓани

September 16, 2021
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Прва меѓувладина седница на Северна Македонија и Косово, ДИК го усвои ревидираниот роковник, попишани 711.418 граѓани

September 16, 2021 16:41
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Прва меѓувладина седница помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово

Владата на Република Северна Македонија денеска беше домаќин на Владата на Република Косово, која во полн состав денеска пристигна во Скопје, предводена од премиерот Албин Курти по повод одржувањето на заедничката меѓувладина седница.

Премиерот Зоран Заев го пречека неговиот колега Албин Курти на платото пред Владата на Република Северна Македонија, каде што, во присуство на членовите на двете влади, се одржа церемонијата на пречек со највисоки воено-државни почести.

Претседателите на владите на двете земји потоа се повлекоа на тет-а-тет средба во кабинетот на премиерот Зоран Заев, а министрите до почетокот на заедничката седница одржаа повеќе билатерални средби.

Прва меѓувладина седница на Република Северна Македонија и Република Косово

На заедничката седница  се потпишани договори и меморандуми за инфраструктурното поврзување на двете земји за олеснување и унапредување на економската соработка и комуникација, како и други меморандуми и програми кои опфаќаат соработка на меѓугранични проекти со поддршка на ИПА програмите на ЕУ, соработка на полето на енергетиката, како и на планот на туризмот, културата и унапредување на заедничките иницијативи во иновациите и технолошкиот развој.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Заев-Курти: Секое унапредување на односите меѓу соседите, носи стабилност и просперитет за целиот регион

„Првата заедничка меѓувладина седница е исклучително позитивен импулс за натамошниот развој и интензивирање на нашите односи и севкупна соработка, и денеска потпишавме вкупно 11 договори, меморандуми и програми кои опфаќаат и соработка во меѓугранични проекти преку ИПА програмата на ЕУ, соработка на полето на енергетиката, иновациите и технолошкиот развој, културата и туризмот, изјави денеска премиерот на Република Северна Македонија на првата меѓувладина со Република Косово.

„Таа е јасен израз на нашата политичка волја и на интересот на двете земји дополнително да ги засилиме и продлабочиме билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес. Денеска имавме убав и плоден ден. Нашите резултати се од интерес на граѓаните на двете држави и верувам дека во наредниот период, министрите и сите институции ќе бидат посветени на имплементација на задачите кои ги поставивме денеска. Очекувам тоа да даде импулс и за развој на соработката и во многу други полиња во иднина“, изјави Заев.

„Република Северна Македонија оваа година слави 30 години независност, Косово 13 години независност и ова е првиот состанок меѓу нашите влади за да се интензивираат и прошири соработката на повеќе полиња“, изјави премиерот на Република Косово, Албин  Курти, упатувајќи искрено сочувство за лицата кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово.

Тој додаде дека потпишале 11 нови договори, меѓу кои, како што рече, се во однос на туризмот, соработка на полето на претприемништво, економија, безбедност, транспорт, меѓугранична соработка, поврзување на Попова – Шапка со Брезовица итн.

Премиерите на РСМ и РК, Зоран Заев и Албин Курти

– Пред состанокот заедно со премиерот имавме еден заеднички службен и пријателски состанок. Без оглед на се, ние ги покривме темите на потребите на нашите граѓани и да имаме некаква база што ќе се заснова на најдобрите европски практики, рече Курти.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОПИС До 20 часот вчера, во рамки на пописот се попишани вкупно 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС).

ИЗБОРИ Државната изборна комисија (ДИК) денеска на 23-та седница го усвои ревидираниот роковник за претстојните локални избори, усогласен со измените и дополнувањата на Изборниот законик, донесени вчера од Собранието, а предложени од пратенички групи од владејачкото мнозинство и од опозицијата.

ПОМОШ Европскиот парламент даде зелено светло за новата верзија на претпристапниот инструмент за финансирање, чија цел е да им помогне на седум земји подобро да се подготват за обврските од нивното идно членство во ЕУ.

Во вредност од 14,2 милијарди евра, Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) 2021-2027 година ќе поддржи спроведување на реформите поврзани со ЕУ во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Пожарот од тетовската модуларна болница во која загинаа 14 лица, продолжува да ја распламтува политичката сцена. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Тетово по средбата со синовите на една од починатите лица во модуларната болница, побара независна истрага и одговорност од Зоран Заев, Венко Филипче и Илир Хасани.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги обвини лидерите на најголемите опозициски партии, Христијан Мицкоски и Зијадин Села, за политикантство во случајот со трагедијата во Тетово.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку Фејсбук му одговори на премиерот Зоран Заев дека е „за жалење“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Пописот, имено, е одлична илустрација за ова: без значајни компликации, до викендов ќе се попише половина нација, и „предавниците“ и „патриотите“ ќе бидат уредно регистрирани. ДСЗ инсистира граѓаните да ги легитимираат попишувачите и, доколку сакаат, да проверат што е запишано во пописниот лист. Предвидувањата се дека никакви посебни и големи изненадувања во статистиките нема да се случат, а долго одложуваните пописни податоци ќе помогнат во многу области за уточнување на државните и други политики. Така, барем за Пописот, „крајот на светот“ е одложен на неодредено време.“, Сашо Орданоски во колумната „Попис: Крајот на светот е одложен на неодредено време“.

„Основата за развојот на локалната самоуправа, но за нејзиното функционирање како простор во кој се одвива животот на граѓаните е токму урбанистичкото планирање. Функционирањето на правната држава е директно поврзана со урбанистичките одлуки. Последиците се илјадници дивоградби и нефункционална животна средина и помали приходи во касата на локалната самоуправа. Како причина за големиот број дивоградби и урбанистичкиот хаос, што од тоа произлегува, не е само желбата на граѓаните да го избегнат плаќањето на комуналните давачки или да узурпираат нешто што не им припаѓа.“, Војо Маневски во колумната „Дупови и дупки“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ