Македонска пошта издаде нова поштенска марка посветена на децата со ретката болест Алпорт синдром.
Марката денеска излезе од печат и е прва таква марка во светот издадена за оваа ретка дијагноза. Инцијативата за нејзиното издавање е на активистката за ретки болести, инаку вработена во Македонска пошта, Лолеска Гордана.
Поштенската марка е со номинална вредност од 18.00 денари и прво печатење од 6000 примероци.
Дизајнот е на Татјана Поцевска, дизајнер во бирото за филателија.
Македонска пошта во соработка со здружението на граѓани за ретки болести Живот со предизвици, а на иницијатаива на Лолеска, мајка на дете со ретка болест, во октомври 2017 година ја издаде првата поштенска марка во светот посветена на децата со ретки болести, која доживеа огромен публицитет на глобално ниво, преку ширење на информацијата од страна на здруженија и организации за ретки болести низ светот.