поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
22 јули, 2020
Многу повеќе има потреба албанците да се обединат во борбата против корумпираните политичари, отколку за премиер албанец.
Од ова долгогодишно зло не може да нѐ спаси само премиерот, бил тој и албанец.
*
23 јули, 2020
Само во Македонија е можно, не само како сведок, туку и како осомничен и обвинет, да не одиш на суд. Дури и како осуден, да не се појавуваш во затвор.
На Хашкиот Суд нема потреба ниту да му најавиш дека ќе одиш.
*
24 јули, 2020
Бујар Османи синоќа соопшти дека за ДУИ, за почеток на преговорите за Влада со некоја од партиите, црвени линии се Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија, затоа што, за сите три договори, гарант да ти била нивната партија.
Нелогично е, на пример, Бујар од Заев да бара гаранција дека ќе ги спроведе договорите чиј потписник е тој самиот, а не кој било претставник на ДУИ.
За практичното спроведување на Охридскиот договор времето и така, веќе, откако во 2004 година му истече рокот, не е ограничено.
Првиот премиер Албанец, со кого ја остварија “големата” победа на изборите, неочекувано, не е ниту црвена линија, ниту услов за почеток на преговорите, туку само ” после ќе влезат со амбиција со нашиот кандидат за премиер”, додава истиот Бујар.