• Latest

Путин ја враќа империјалната логика во Русија и го руши споменикот на националната слобода

March 1, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Путин ја враќа империјалната логика во Русија и го руши споменикот на националната слобода

Тврдејќи дека Ленин ја создал Украина, агресорот Путин практично ја негира целата федерална конструкција на некогашниот СССР и сите 15 создадени републики, а денес независни држави!

March 1, 2022 08:00
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

„Модерна Украина е целосно создадена од Русија, поточно од болшевиците, комунистичка Русија. Процесот започна веднаш по револуцијата во 1917 година“ – истакна пред неколку дена агресорот Путин, мислејќи на Октомвриската револуција, со која беше соборена царската влада.

Тој ја нарече Украина вештачка креација на Ленин. „Како резултат на болшевичката политика се појави советска Украина, која и денес со добра причина може да се нарече „Украина на Владимир Илич Ленин“. Тој е нејзин автор и архитект. Ова е целосно потврдено од архивите. И сега неговите благодарни наследници ги уништуваат спомениците на Ленин во Украина“ – истакна тој.

Нема сомнение дека и ова е еден од вербалните трикови со кои шефот на руската држава сака да ја оправда агресијата кон независна и слободна земја, која со ниту еден чекор не ја загрозила безбедноста на својата земја – сосетка. Прво што ни паѓа на ум е фактот дека и самиот Путин, со својата прагма, го сруши постулатот  на својот прв идеолошки работодавец. Целата негова претходна кариера на советски шпион во странство (ГДР) се базира на носењето на црвената книшка со лениновиот портрет на насловната страница. Служел на својот СССР, земја во која републиканските постулати се градени доста долго – од славните декабристи се до Октомвриската револуција која тој ја споменува!

Владимир Путин: Се разликува ли овој церемонијал од оној на руските цареви?

Федералната концепција на болшевиците доаѓа само по себе, како резултат на една напредна слика за иднината на државата во која не живееле само Руси. Дури, се сметало (Троцки, нели) и на светска револуција – како би се привлекол светот кон таа идеја ако се копира царистичката архитектура на општеството?!

Може ли Путин во својата актуелна надмена поза (што би рекол нобеловецот Мустафов од Новаја газета – додека се игра со копчето за нуклеарната бомба во рацете, како тоа да е приврзок за автомобилски клучеви) да ја најде логиката на оние кои го создале Советскиот сојуз? Секако не – Литванија и Полска не сакале да се приклучат кон тој сојуз и нив ги нема во идната федерација, во која од 1920 г. натаму влегле најпрвин Украина, Ерменија, Грузија и Азербејџан. (Не е небитно да се спомене дека како официјални јазици во СССР се сметале и јидишот и полскиот јазик!).

Е тоа е новото сфаќање во однос на националните особености, кои сега Путин така иронично ги оспорува и извртува. Со време во новата Федерација потоа влегуваат многу нови републики за бројката да заврши со 15 републики, подоцна и независни држави.

Според последните изјави на Путин, Украина веќе нема право да постои како суверена држава – иако е членка на Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Советот на Европа; и иако самата Русија (кога Борис Елцин беше претседател) ја има признато независноста на земјата.

Да не се држиме до Ленин, да соопштиме дека во време на Горбачов, по распадот на СССР се формираше Заедница на независни држави од која излегоа некогашните членки – Грузија (по војната во 2009 г.) и Украина (по агресијата во 2014 година). И обете откако беа нападнати од Путиновите кохорти. Првата изгуби дел од својата територија а втората ги изгуби полуостровот Крим и дел од Донбас и сега е на прагот да ја изгуби целосно својата независност. Дали после тие настани може да им се замери на земјите кои излегле од ЗНД што го прецениле значењето на пост советските институции.?! Во тие форми на задржување на некакво единство спаѓа и Организацијата за колективна безбедност која практично од „помека“ замена за Варшавскиот пакт се претвори во командно место за рушителот на Ленин – Путин. Ако тој веќе не го избрал името на некој од галеријата на царевите, националните угнетувачи во своите империи?

 


Сите права се задржани.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ