Рускиот претседател Владимир Путин oценува дека обидите на САД и неколку други западни земји со својата доминација на Балканот остануваат сериозен дестабилизирaчки фактор во регионот. Тој ова го изјави во интервју за белградските весници „Политика“ и „Вечерње новости“, пред неговата посета на Србија.
Путин смета дека Македонија, слично како и Црна Гора, насилно се вовлекува во Алијансата, спротивно на волјата на голем дел од населението. Според Путин, во 2017 година, спротивно на мислењето на половина од населението, Црна Гора беше внесена во НАТО.
„Минатата година, дури и започна процесот на донесување уставни амандмани и преименување на оваа држава, ревидирање на темелите на македонскиот национален идентитет за насилно внесување на Република Македонија во НАТО“, додаде Путин.
Тој истакна дека Русија и натаму ќе ги оддржува пријателските врски на Балканот.
Дали Путин со оваа изјава сака да иврши притисок во регионот и да ја зацврсти позицијата и влијанието на Русија?
Д. М.