Здружението на работодавачи и Сојузот на стопански комори ја подржува одлуката за зголемување на мимималната плата на 14.500 денари истакнувајќи дека Владата била внимателна и одлуката е донесена низ процес на дијалог и консултации.
„Владата влезе многу внимателно влезе во овој процес. Ова покачување за некои сектори може да изгледа дека е повеќе, но треба да потсетиме дека со новиот закон придонесите се на товар на Владата. Се надевам дека овој процес многу внимателно ќе продолжи”, изјави Ангел Димитров претседател на здружението на работодавачи.
Со сличен став беше и Бранко Азевски, претседател на Стопанска Комора на Северна Македонија.
„Мислам дека Македонија мора да тргне напред, а ќе тргне наоред само ако се подржува стопанството. Мора да се даде еден ентузијазам, мислам дека чекорот е исправен а дијалогот уште еднаш покажа дека може да се најде до решение”, изјави Азевски.
Според Неби Хоџа од Стопанска Комора на Севернозападна Македонија, оваа одлука ќе има позитивно влијание и на многу аспекти.
„Мислам дека е чекор за поздравување и исто така во склоп на Стопанската комора бараме од Владата подршката за стопанството да биде и на други аспекти и одлуки”, изјави Хоџа.
А. Зеќири