Радикалните структури во земјава непречено и неказниво шират омраза по етнички, верски и политички основи. Многубројни се примерите на пораки во социјалните мрежи, медиумите и графитите, како и на одредени протести во кои доминираат екстремистички ставови и повици на екстремно насилство.
Таков е случајот со Друштво на Македонски Револуционери (ДМР) кои на Фејсбук објавија фотографија од вонредната седница на Централниот Одбор, каде што едногласно се согласија на радикално дејствување за дестабилизација на државата.
„На готовс – наредба за сите 54 локални ограноци да се спремат за мобилизација и радикално дејствување. Стратегија – краткорочна дестабилизација за долгорочна стабилизација. Цел – спречување на најавеното тероризирање на Уставот, државата, и народот. Начин – со примена на (не)насилни средства. Како и да се одвива ситуацијата, што и да се случи името на нашата родина е Македонија. За неа се бориме, за неа ќе умреме! Да живее Македонија“, нагласуваат од ДМР.
Исто така на социјалните мрежи се појави повик за екстремно насилство.
„ ДМР на готовс, повик до навивачките групи да се мобилизираме со палки, пиротехника, шипки, молотови коктели да се пресметаме со шиптарско-северџанската полиција да ги здробиме од ќотек, па после ќе видиме како што дали насилен упад или нешто порадикално. Ајде комити, војводи, мајмуни, рибари и сите останати да се обединиме со патриотските сили за да дејствуваме најрадикално што може. За Македонија се работи“.
ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата и повиците на насилство и бара од институциите веднаш и најостро да ги санкционираат сите поединци и групи што шират омраза и повикуваат на насилство. Бараме од институциите да реагираат остро, решително и ефикасно, а на одговорност да ги земат и највисоките раководни структури на политичките партии што посредно или непосредно ги охрабруваат радикалните поединци и групи во земјава.
Д.М.