Албанскиот премиер Еди Рама, истовремено и претседател на Социјалистичката партија, во комуникацијата со следбениците на социјалните мрежи, рече дека за време на социјалистичката влада сликата на Албанците во очите на светот значително се подобрила, пренесоа албанските медиуми.
Се сеќавам на времето кога на шалтер се плашеше да го извадиш албанскиот пасош затоа што ќе те погледнат чудно, како да си терорист.
„Ќе се одмаздам за сите понижувања што им се направени на Албанците, во сите години од нашата историја. Ќе се одмаздам за нашите деца, за моите деца, за малите, затоа што возрасните можат да се одмаздат. Тука сум да им се одмаздам на сите имигранти кои се во Грција, Италија, Англија. За оние со две презимиња“, рече Рама.
Д. Т.