Тој рече дека е магаре секој кој го нарекува предавник косовскиот претседател Хашим Тачи, чија е идејата за корекција на границите.
Косово и Албанија потпишаа низа меѓусебни договори со кои се бришат царините и се укинува роамингот. Инаку, дел од меѓународната заедница дава поддршка на идејата со корекција на границите да се реши косовскиот проблем со Србија, што би значело и забрзување на евроатлантските интеграции за двете земји.
Харадинај, пак, кажа дека прашањето на корекцијата на косовските граници е завршено на 17 февруари 2008 година, кога беше еднострано прогласена косовската независност.
„Што мислите, не е во ред кој било да добие метар од косовската земја без оглед на тоа дали е Албанец, дали е Рамуш, Еди или Хашим Тачи. Тоа е сериозно погрешно. Ова е земја на Албанците формирана со крв, на 17 февруари, и сите тоа мора да го знаат. Во овие граници нè препознаваат и Албанија и Америка“, кажа Харадинај коментирајќи ја пораката на Рама за патриотизмот на Тачи.