– Конечно! Преговорите за членство на Албанија во Европската Унија веќе немаат никакви пречки! Собранието на Северна Македонија штотуку даде зелено светло за последниот француски предлог. Апсурдното заложништво на Албанија заврши, напиша албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук
Ќе успееме и во овој нов дел од напорите, со поблиско поврзување со Албанците и насочување со нови сили на врвот каде што ќе ја воздигнеме Албанија, напиша меѓу другото Рама.












