Зголемен е бројот на убиства на новинари и медиумски работници во светот.
Според извештајот на Меѓународната федерација на новинарите, кој е објавен денеска, во 2018 година во светот се убиени 94 работници во медиумите. Според податоците тоа се 12 убиства повеќе во споредба со минатата година.
Најмногу новинари и медиумски работници настрадале во Авганистан, каде што бројката на убиства е 16, потоа следуваат Мексико со 11, Јемен со 9 и Сирија со 8 убиства.
Во Сирија загинале 8 новинари и медиумски работници, во Индија 7, Пакистан и Сомалија со по 5 убиства, Филипините, Еквадор и Бразил со по 3 убиства, а со по две убиства се Колумбија, Палестина и Гватемала.
Во 29 извештај на МФЈ е отсликана ситуацијата со постојаната безбедносна криза во новинарството, што беше нагласено со суровото убиство на колумнистот Вашингтон пост и саудискиот државјанин, Џамал Хашоги, кој беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври.
Според листата на МФЈ за 2018 година, вооружениот конфликт и милитантниот екстремизам се одговорни за убиствата на повеќето новинари во земјите како Авганистан, Сирија и Јемен. Но, има и други фактори како што се зголемената нетолеранција кон независното известување, популизам, корупција и криминал, како и распаѓањето на законот и редот што ги погодува земјите во таканареченото мирно време како Индија, Пакистан и Филипините. Овие фактори придонесуваат за овековечување на средина во која, постојано, има повеќе новинари убиени за покривање на нивните заедници, градови и земји отколку за известување во вооружени зони.
М. Ивановска