Цивил Медиа на својата Фејсбук страница го постави прашањето: Дали и зошто ќе се приклучите кон најавениот бојкот на маркетите во петок?
Одговорите на граѓаните беа различни, дел од коментарите се за поддршка на бојкотот и дека само така ќе има ефект врз намалување на цените на производите, дел од одговорите беа дека нема да бојкотираат.
Во продолжение пренесуваме дел од коментарите:
• Го поддржувам бојкотот, мислам дека треба два дена во недела
• Не!!!!- евтин популизам!!!!
• Платите најниски во Балкан а цените поскапи од цела Европа
• Која глупост
• И онака ги бојкотираме ..без пари сме
• Погледнете ги само профитите од минатите години!! Конгломератите профитираат, а народот е сѐ повеќе сиромашен!
• Зошто треба да се обидеме со граѓанска непослушност и барем да направиме минимум од минимумот како општествено одговорни граѓани
• Да, да престанат да не стрижат како овци се качија цените до плафон страшно нешто
• Треба да се бојкотира, видовте ли во Хрватска бил успешен бојкотот и цените се намалени дури и на некои производи и до -50%
• Да, ќе бојкотирам, само така кога ќе ги удриш по џебот ќе се замислат како понатаму, друг начин нема бидејќи очигледно е дека власта работи во нивен интерес.
А.М.