Премиерот Христијан Мицкоски пред неколку дена најави дека во подготовка е писмо до ЕУ со нови идеи како да се продолжи преговарачкиот процес на државата.
Следејќи ја темата, ЦивилМедиа го постави прашањето на својата Фејсбук страница како текстуална објава и кратко видео: Што треба да содржи писмото на Мицкоски до ЕУ?
Граѓаните во најголем дел не веруваат дека премиерот Мицкоски има јасен план и стратегија за отпочнување на преговорите со ЕУ. Додека помал дел го советуваат да не праќа никакво писмо до ЕУ.
- „Ах, да беше жива Баба Ванѓа ќе му кажеше што да напише на сиротиот „оптимист“.
- „Треба да го препише писмото на Павле до Урсула! И ден денес тоа писмо се проучува во органите на ЕУ и незнаат кој пат да го фатат со него“!
- „Подобро да напише писмо до Дедо Мраз, можеби и ќе му исполни некоја желба“.
- „Мицкоски во писмото ќе напише сеење магла“.
- „Негова оставка нека ја напише во писмото“.
- „Ве известувам дека ќе си дадам оставка за да не го стопирам одот на Македонија кон ЕУ за иднината на другите деца во Македонија, бидејќи за моите има и во државата“, пишува еден граѓанин.
- „Што и да напише нема да вреди, завршена е приказната за влез на Македонија во ЕУ. За многу кратко време Мицко&Компани “завршија” работа“.
- „Не сакаме во ЕУ под бугарски закони“.
- „Да не праќа никакво писмо“.
Д. М.