ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каква е предновогодишната атмосфера во твојата општина?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека помалите општини се украсени, но нема луѓе, во Скопје граѓаните не се задоволни. Новогодишната атмосфера скоро и да не постои, а луѓето се разочарани од новогодишната кошничка на Владата. Сепак, Струга и Охрид се украсени прекрасно и очекуваат туристи, а Крива Паланка е како од бајките:
Градот е украсен, но загрижени и невесели лица се движат по улиците одејќи по набавки за празниците. Нема атмосфера, нема расположение. По објавата на владата за новогодишна кошничка за поевтинување на прехранбените артикли се сфати дека е тоа ноторна лага, луѓето од маркетите излегуваат со загрижени лица и празни торби. Ни Нова Година е тоа што некогаш беше.
Жалосна! Многу жалосна!
Новогодишна атмосфера е без атмосфера и без дечиња.
Пред ново годишната атмосфера е ставена во ново годишната кошничка
Катастрофа како и минатата година.
Се занимаваме со криминалот на терористите од учк кои бегаат од лицето на правдата
Предновогодишно дување цени, по хоризонтала а богами и по вертикала……само гордо, ќе мине и оваа Нова година за кој-како….
На плоштадот во Неготино се поставуваат светилки и новогодишни реквизити со украсни ѕвончиња. Но плочникот е раскопан и нечист. Со една правосмукалка се дуваат листовите и тук таму седнати пензионери на клупите, а друг жив човек нема. Празно. И тие што брзаат по тротоарот сами си зборуваат.
Во Кисела Вода црни темници.
Ние граѓаните воопшто не сме задоволни ниту од оваа влада ниту од претходната. Јас не верувам на никој. Кој да дојде на власт си ги полнат џебовите нивни. ВИкаат ќе има поефтинување, ништо нема. Само лажат, срам да им е. Не земаат на врат. Господ нека ги казни сите.
Населба Хиподром, валкана и гнасна.
Преубава. Кафулињата сите со светки.
Чаир (тензично).
Кој како го разбира животот ,инаку во центар се чувствува предновогодишна еуфорија благодарение на младите….
Преспа, ладна атмосфера?
Крива Паланка како од бајките.
Комарџиска на максимум.
Тапа.
Благопријатна!!!
Во Струга преубава атмосфера. Добредојдени се што повеќе туристи.
Прекрасна во Охрид.
Во Аеродром изгоре елката.
Бутел се трка со гробишта.
Б. Ј.