Владата на вчерашната седница, го разгледала мислењето од Министерство за правда и го задолжила ресорното Министерство да достави предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски пред истекот на неговиот мандат, кој потоа ќе биде доставен до Советот на јавните обвинители.
Од СДСМ претходно истанаа дека промената на еден обвинител и замена со нов не е решение, туку е партизација.
Јавната обвинителка Наташа Крстевска Цалева вчера поднела оставка од функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје.
Цивил МЕДИА ја следи темата и на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите дали се прави партизација или професионализација на судството и обвинителството?
Според најголемиот дел од одговорите, граѓаните сметаат дека се прави партизација наместо професионализација на судството.
Ви пренесуваме дел од коментарите на граѓан(к)ите:
-
За каква професионализација зборувате. За криминал. Е тука се врхунци.
-
Ама прашање, толку е очигледно, се прави целосна замена на членовите на сите органи од правосудството за да се стават луѓе кои ќе прават обвиненија и ќе носат пресуди без вистински докази, само врз основа на лагите и манипулациите на партијата на власт.
-
Од судството се прави џогер за криминалите на олигархијата.
-
Сакаат под мишки (пазуви) да си го носат судството, како на времето печатени весници што си носевме. Нема да им тежи, а ќе си го имаат при себе (just in case).
-
„Тевтеризација“.
-
Само се надградува партизацијата, ништо од професионалност.
-
И мртвите и врапците знаат: ПАРТИЗАЦИЈА!
-
Се прави партизација и приватизација на партиите, со судството сум немал контакт и немам ништо против.
-
Очигледно дека партизација. Од една страна се настојува формирање на еднонационални институции. Целта е да не се оди во Европа.
Д.М.
Фото: ВИ