Цивил МЕДИА на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите зошто Владата не ја донесе одлуката за ограничување на маржите за 10 отсто?
Според повеќето одговори заклучуваме дека виновникот за недонесување на одлука од Владата за ограничување на маржите за основните производи за 10 отсто е самата Влада. Односно мислењето на граѓан(к)ите е дека Владата на Мицкоски попуштила под притисокот на олигарсите бизнисмени.
Потсетуваме, на 13 феврауари Владата на седница требаше да ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо. Одлуката, според најавите, требаше да важи до 30 април и ќе опфаќаше над 100 групи производи.
Имено, до ова дојде после граѓанските бојкоти на маркетите изминатите 2 недели, за потоа Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10-процентно ограничување на маржата во трговија на мало и за 10 проценти на трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но истата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите, како и со бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните.
Во прилог неколку одговори на граѓан(к)ите на Фејсбук постот на ЦИВИЛ Медиа:
Шеф Азески така рече.
ЌАРОТ ЌЕ ИМ СЕ НАМАЛИ,А ЌЕ ГО НАСЕКИРА ОНОЈ БИЗОНОТ СО ПАЛАРИЈАТА.
Затоа што така нареди Азевски.
Олигарсите не дозволуваат, тие ја водат државата.
Азески им кажа така да прават.
Затоа што е во спрега со нив, им требаат за рекет ИДАТ ИЗБОРИ.
Сите одговори можете а ги прочитате на оригиналниот пост на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ Медиа.
A.M.