ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за посетата на пола Влада во Вашингтон?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека посетата на владината делегација во САД ја сметаат за скапа екскурзија платена со народни пари.
Ви пренесуваме дел од комантарите:
-
Супер, си се прошетале на државен трошок
-
Коледари
-
Штом пола влада била кај Трамп, а претходната влада не ни помислуваше да оди кај Бајден… Значи ќе нè биде!
-
Трамп колективно им мавнал со рака преку екранот.
-
Подобро ќе беше да беа во Вараждин на ракометен натпревар на Македонија, вака во сала во Вашингтон не видоа ништо.
-
Неизживеани мамини и татини дечиња на кои им дале во градинка задача да глумат дека водат држава.
-
Тоа е борбата на владата на Жмицко против непродуктивните трошоци!? АРАМИИ БЕЗДУШНИ.
-
Загрижем сум за премиерот и за другите со болни колена. Како ли ќе издржат толкав пат…
-
Комедијанти екскурзијанти!
-
Па нели ние сме богата држава, има се може се.
-
Имал шарко лој!
-
Душмански трошење народни пари! Ветар и магла што би рекол народот!
-
Убава екскурзија само таа се прави кога се матуранти.
-
Си прават екскурзии трошејќи народни пари.
-
Башибозук на државен трошок
-
Како и до сега, се прават да ја зголемат сиромаштијата. Ако дома во фамилијата нема пари ќе земеш ли кредит да одиш на скапо шетање?
-
За тие што се таму е убава прошетка. За Македонија огромен трошок.
-
Екскурзија на недораснати деца, само ги тршат нашите пари
-
Треба да излеземе ко српските студенти и да ги прашаме: Где сте били, бре, шта сте радили, колико сте платили, пошто је комад пице са репом од ајкуле у Вашингтону и вино за чилеанске згуре, јесте ли пробали киту од кита!?
-
Уставна измена ми мириса!
-
Вашингтон е скап град, но веројатно деновиве има добри попусти, па малку ќе ни го уштедат буџетот, што делува доста патриотски.
-
Тек сега кога ќе си купат авионче, па па па… има да биде шетање, ниту ќе чуеме ниту ќе видиме. Тие живеат во друг свет, само ние рајата сме во сивилото и бедотијата на Македонија.
-
Како вели народната, отиде коњот а ние ќе плачеме за самарот? Ова е ситна боранија во однос на тоа колку се крадело, се краде и ќе се краде, така да нема смисла да се зборува на таа тема, само се чудам зошто цела влада со семејствата и пријателите им не беа на овој настан?
Д.М.