„Перспективите на државата и на граѓаните очигледно се многу јасно отворени со фактот дека требаше смел чекор од смели луѓе за смела одлука со што очигледно дека јасно и недвосмислено се чекаше на таа перспектива 27 години наназад. Меѓутоа, длабоко верувам дека тие недостатоци ќе успееме да си ги поткрепиме и да ги средиме со реформите кои следуваат“, изјави Скендер Реџепи од БЕСА на конференцијата Македонски перспективи: Како до Европа?, во организација на ЦИВИЛ и МЦМС.
„Беше потребен само еден храбар политички чекор со една јасна и пресудна одлука за да се докаже неколебливата евроатлантска перспектива на државата, и како последица на една храбра одлука за решавање на еден три децениски проблем, денеска можеме да кажеме дека државата е внатре во структурите на НАТО и пред портите на Европската Унија.
Овој чекор или оваа храбра одлука е само почеток на промените или реформите кои ѝ требаат на државата за осигурување на добробитта на граѓаните.
Треба уште многу да се направи за да створиме едно чувство на тоа да се биде рамноправен граѓанин на една држава членка на ЕУ и НАТО.
За да се постигне сето ова, потребна е конструктивност од сите политички субјекти во Македонија, во име на евроинтеграциските перспективи.
Партиите од двата блока, албанскиот и македонскиот, конечно треба да најдат заеднички јазик за да ги решат недоразбирањата меѓу себе еднаш засекогаш“, рече Реџепи.
Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Ариан Мехмети
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Биљана Јордановска