Categories

ЕУ „Регионални излезни платформи“ за мигрантите

Европска унија следната недела ќе почне со подготовка на „регионална излезна платформа“ врз чија основа ќе се одлучува за барањата за азил на мигрантите пред да стигнат во Европа, јави германската новинска агенција ДПА повикувајќи се на нацрт документ што ќе биде објавен по Самитот на ЕУ, што ќе се одржи на 28 и 29 јуни.

Се претпоставува дека таквите центри би можеле да бидат лоцирани во Северна Африка.

– Таквите платформи би требало да пружат брзо процесуирање (на мигрантите) со цел да се направи разлика помеѓу економските мигранти и тие на кои им е неопходна меѓународна заштита, и со тоа ќе се намали поттикот да тргнат на опасни патувања, се посочува во документот.

Дел од текстот се однесува и на одговорот на ултиматумот доставен до германската канцеларка Ангела Меркел од страна на нејзините коалициски партнери. Коалициските партнери од Меркел побараа да постигне договор со земјите членки на Унијата за постапување со мигрантите, а во спротивно Берлин еднострано ќе забрани влез на мигранти кои веќе се регистрирани во други земји членки на ЕУ.

– Движењето на барателите на азил помеѓу земјите членки на ЕУ го доведуваат во опасност интегритетот на системот за азил. Земјите членјки би требало да ги преземат сите внатрешни правни и административни мерки за да ги сперечат таквите движења и да соработуваат меѓусебно, се наведува во текстот, кој може да биде изменет. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email