Премиерот на Албанија Еди Рама, преку Твитер извести дека соседните и други држави понудиле помош за справување со трагедијата од земјотресот.
Премиерите на Италија и Грција, Конте и Мицотакис веќе испратиле авиони со тимови на специјалци за помош на населението и институциите. Претседателите на Франција и Турција му се јавиле лично на Рама и му изразиле подготвеност за секаква потребна помош, а амбасадите на ЕУ и САД тоа го направиле уште порано, пишува Рама. Т
ој додава дека претседателот на Косово, Хашим Тачи, од раните утрински часови го известил дека ги активирал специјалните единици на Безбедносните сили на Косово и ги упатил кон кризните региони за да помагнат во извлекување на луѓето од урнатините.
Рама известува дека во секој миг расте бројот на држави кои изразуваат подготвеност и нудат секаква помош, додека на терен се работи интензивно во секоја точка каде има урнатини и во секоја зона каде граѓаните имаат здравствени и други потреби. Рама побара од граѓаните трпение и солидарност во овие тешки мигови ветувајќи дека државата ке го даде максимумот за да се олеснат писледиците.
А. З.