Пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, по денешниот распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција, изјави дека не гледа причина зошто еден политичар за не биде повикан во Јавното обвинителство.
Таа пред медиумите изјави дека не била присутна кога се договарала трансакцијата од 720 илјади евра на бизнисменот Силјан Мицевски до „Меѓународниот сојуз“, чиј претседател е осомничениот Бојан Јовановски.
Ременски ги отфрли сите шпекулации за нејзината поврзаност со случајот „Рекет“ и додаде дека се што знае за случајот го кажала на распитот пред обвинителката Вилма Рускоска.
„Сите прашања поврзани со Меѓународниот сојуз и облигационите односи што ги има со лица и фирми, јас немам лично присуство, во контекст на она што беше побарано да го дадам како одговор на одредени прашања јас го одговорив. Ќе се воздржам од коментари дали мојата функција била злоупотребена или не“, изјави Ременски.
Во врска со тоа дека постојат фотографии со неа и Боки 13 таа појасни дека не значи дека сите кои се фотографирале со него се инволвирани во „Рекет”.
М. И.












