Фросина Ременски денеска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши увид во доказите во истрагата за невладината органзација „Меѓународен сојуз“, во која беше почесен претседател, пренесува Фокус.
Вчера увид во доказите извршиле осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателка на невладината организација, и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски. По отворањето на случајот „Рекет“, Обвинителството отвори уште една истрага за „Меѓународен сојуз“.
Овој дел на истрагата се однесува на измамите со изградбата на старски домови, за кои бизнисмени како Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски наседнале и инвестирале првиот околу 700 илјади евра, Амзоски околу 200 илјади евра, а биле рекетирани и други, како Зоран Азманов и други.