По 30 години владеење со Судан, суданската војска го симна од власт Омар ал-Башир. Десетици илјади граѓани од саботата протестираа пред воениот штаб, барајќи отстранување на Башир, и биле нападнати од полициски и разузнавачки сили лојални на претседателот, а суданската војска ги заштитила. До сега нема официјални информации за се што се случува во Картум , главниот град на Судан, но, според разни светски медиуми, Башир веќе ја отстапил власта на војската и дека во тек се преговори за преодна влада.
Омар ал – Башир е на власт од 1989 година по државен удар, и по неколку години е обвинет од Меѓународниот суд во Хаг за геноцидот во Дарфур во 2003 год.
Во последните судири за време на демонстрациите минатиот викенд, убиени се 14 лица, а на протестите што се случуваа во декември минатат година животот го изгубија 19 демонстранти.