Пред неколку години на хрватската радио телевизија одеше една одлична емисија, потполно отворена за јавноста во која тамошните политичари, бизнисмени и личности од јавниот живот и култура беа ставани пред ѕидот на срамот за да ги види целата хрватска јавност. Изгледа тоа за Хрватите бил конечен испит за начинот како ја разбираат демократијата и дали се зрели за влез во ЕУ. Емисијата ја водеше новинар по име Денис Латин а шоуто беше наречено токму по него, ЛАТИНИЦА.
За да не им останат должни на комшиите, и Србите поитаа да си направат копи-паст од таа емисија и ја нарекоа, ни мање-ни више, ЧИРИЛИЦА. Арно ама, таа емисија ниту е тест за српскиот демократски менталитет, ниту пак ја води новинар со педигрето на Хрватот Латин, туку ја води газолизецот на Александар Вучиќ, такозвани Латас прдеж, по име Миломир Мариќ. Само за информација, ако на Грујо омилен новинар му беше Латас, Мариќ му е омилениот хемороид на сегашниот српски претседател Вучиќ кој во далечната 1992год. со калашњиков во рацете стрелаше врз јадните Сараевчани од околните планини. Има на јутуб, проверете.
Емисијата не само што е жива брука и срамота во која се зборат секакви ментално недовршени доживувања, од типот на Мендух Тачи, туку истата изобилува со изливи на национал-шовинизам, екстремизам и големо-српски радикализам, кој во нормални услови, би бил осуден од балканската интелектуална фела и од ЕУ, пред сѐ, нели? Во една од емисиите на “чирилица“ се појавуваат и познатиот српски историски стручњак Милан Протиќ, но, и контраразузнавачот Мирослав Лазански, демек, воено-политички аналитичар, кој беше гледан на улиците на Скопје пред и во април 2017 година.
Протиќ, онака, надмено тврди дека Македонија е измислен регион, без историја, без народ, без заедничко културно наследство на сите кои овде живееме и без трошка срам негира постоење на македонската нација и македонската црква, додека Албанците ги нарекува случаен деструктивен елемент! Останатите етникуми воопшто не беа ни спомнати. Замислете сега, Протиќ важи за критичар на диктатурата на Вучиќ! Што ли тогаш мислат тамошните критичари за сегашната власт во државава ни?!
Загрижува фактот што Лазански, откако Пингвинот замина за Будимпешта, но и порано, нон-стоп повторува дека за Македонија нема иднина бидејќи е само апстрактно-фантомско привремено постоечка точка која треба да се врати под српска контрола, кад-тад!
Е сега, познатиот политички археолог, кој по навика, копа само во смрдливите клозети на светските конспирации, Васко Ефтов, пред некое време, сиот воодушевен го интервјуира Лазански што на македонските патриоти им ги „отвори“ очите и тие конечно „прогледаа“ во светлината на вистината. Заев е ѓаволот, Македонија ќе ја снема за неколку месеци, сите ќе доживееме невиден егзодус и бла, бла, бла…
Дилемата која ми удира во малиот мозок е следната: сите ние бевме жртви на идеолошкиот терор на медиумите на туристот од Унгарија, сите ние ги јадевме чивиите на тие изопачени, ненаситни монструми цели единаесет години за на крај, тоа да кулминира со стравот низ кој сите поминавме на 27 април во очекување дали утре ќе има војна или не?
Сега на тие неранимајковци им се нуди амнестија!? Петок 13-ти! Свесни сме дека Заев мораше да жртвува многу за да се изгласаат уставните промени и што уште не, ама, баш до толку?
Абе господа од СДСМ, не ја слушнавте онаа на четничкиот војвода од Београд, Бора Чорба, кој во 1994 година им пееше на војниците на српските паравоени структури во логорите за силување во околината на Бања Лука: целе ночи ти си форсирала коњак, јутро квари синоч започете везе… Толку ли ви траеше коњакот? Готово е, се „отрезнивте“ на сабајле и ја расипавте врската со народот или…?