Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, придружуван од американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс денеска ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.
Рикер изрази задоволство што повторно е во посета на Битола и ја претстави новата американска амбасадорка Бернс, која за прв пат беше во официјална посета на Општина Битола.
„Битола е градот кој има стратешка позиција и во економскиот и во политичкиот живот во земјава“, истакна Рикер на средбата со Петровска.
Градоначалничката Петровска посочи на идна соработка и се заблагодари на поддршката која градот Битола ја добива од САД.
Високиот американски функционер од Битола, работниот престој го продолжи во Скопје каде текот на утрешниот ден ќе се сретне со државниот врв и претставниците од политичките партии во земјава.