• Latest

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

March 18, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

March 18, 2025 13:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Преживеани од пожарот во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт во 2015 година понудија помош и поддршка на повредените и нивните блиски по смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Северна Македонија, што се случи викендов, пренесува романската редакција на Радио Слободна Европа.

Михај Греча, еден од преживеаните од пожарот во „Колектив“, објави на Фејсбук  отворено писмо до повредените и нивните блиски, во кое дава совети и нагласува дека е подготвен да помогне. „Прозорецот“ за безбеден транспорт на лицата со изгореници е 48 до 72 часа. Тие мора да бидат прегледани од специјалисти, бидејќи од тоа зависи нивниот живот, истакна Греча.

Во пожарот што избувна на 30 октомври 2015 година во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт загинаа 64 лица – 27 во ноќта на трагедијата, а останатите починаа во следните недели или месеци во болници во Букурешт и во странство. Околу 200 лица беа повредени. Огнот бил предизвикан од огномет предвиден за надворешна употреба, кој го запалил ентериерот, а пламените брзо се прошириле поради леснозапаливиот звучноизолациски материјал во клубот. Во објектот тогаш се наоѓале над 400 лица, иако неговиот капацитет бил 80 посетители.

Преживеаниот од „Колектив“ Михај Греча за романската редакција на Радио Слободна Европа изјави дека засега никој од Северна Македонија не стапил во контакт со него.

– Ние сакаме да им помогнеме, бидејќи се наоѓаат во многу тешка ситуација. Ние поминавме низ драма каква што сега ја доживуваат тие. И ние добивме помош, вели Греча, кој за време на пожарот во „Колектив“ имал 41 година. Тој се наоѓал во клубот за да го снима концертот на своите пријатели од групата „Goodbye to Gravity“. По пожарот, Михај Греча бил речиси еден месец во кома во болницата „Флореаска“ во Букурешт.

Греча истакна дека здравствениот систем во Романија тогаш не бил подготвен да се справи со ситуацијата и претпоставува дека истото важи и за Македонија.

„Можеме да им кажеме кои решенија беа ефикасни кај нас, кои се најдобрите клиники за рехабилитација во Европа и како може да се стигне до нив“, посочи Греча.

Европската комисија соопшти дека Северна Македонија го активирала Механизмот на ЕУ за цивилна заштита поради пожарот. Државата побара помош за евакуација на 15 лица со тешки изгореници. Првите понуди за помош преку механизмот пристигнаа од Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Унгарија, Луксембург и Норвешка, наведува РСЕ.

Романската редакција на Радио Слободна Европа потсетува дека по пожарот во „Колектив“ 33 повредени починале во првите денови поради сериозноста на повредите, но и поради лошите услови во болниците.

Трагедијата во „Колектив“ го откри фактот дека Романија нема капацитет за лекување на тешки изгореници. Во романските болници се појавиле болнички инфекции, кои исто така довеле до смрт на хоспитализираните пациенти.

Непосредно по пожарот, властите тврдеа дека Романија има сè што е потребно и не сакаа да ги испраќаат повредените во подобро опремени болници во странство, потсетува медиумот.

Повеќе од една недела по пожарот во „Колектив“, првите повредени беа префрлени во клиники во Холандија, Белгија, Израел, Австрија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство.

Преживеаниот од „Колектив“ Михај Греча за Радио Слободна Европа изјави дека речиси десет години по трагедијата, лекувањето на изгореници во Романија е „малку подобро“. Во земјата сега постојат три болници во кои можат да се лекуваат изгореници од среден степен. Според него, во овие болници се лекуваат и тешки случаи, иако за нив се потребни специјализирани болници, кои во Романија сè уште ги нема.

Министерството за здравство во Букурешт вчера соопшти дека во тек е изградба на три болници за лекување на тешки изгореници. Изградбата е завршена од 20 до 60 отсто, а најмногу напреднала болницата во Темишвар. Рокот за завршување е продолжен до 2026 година, а во меѓувреме започнати се и постапките за набавка на опрема, информира романската редакција на Радио Слободна Европа.

Вкупната вредност на проектите за трите клиники изнесува околу 220 милиони евра.

Романија ѝ понуди на Северна Македонија транспорт на повредените од пожарот со воени транспортни авиони, но раководителот на Департментот за вонредни ситуации, Раед Арафат, изјави дека земјата нема доволно места за лекување на пациенти со изгореници, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ