Categories

НЕСОГЛАСУВАЊА Романија со спротивен став со ЕУ за Израел

Со најавите за преселување на Романската Амбасада на Романија од Тел Авив во Јерусалем романската влада иницираше процес за процена на можноста за преместување на Романската амбасада во Ерусалим.

Најавата на Данчила наиде на силна критика од страна на романскиот претседател, Клаус Јоанис, кој додаде дека одлуката му припаѓа нему и дека премиерката покажува „игнорантност во однос на надворешната политика“. Јоанис тврди дека никогаш не бил информиран за таквата одлука, и дека консензусот за кој говори Данчила во изјавата не постои.

Откако американската администрација минатата година под водство на Доналд Трамп одлучи да ја дислоцира Амбасада на САД во Ерусалим, голем број држави во светот, и посебно во ЕУ, се изјаснија против таков чекор. Ерусалим има нерешен статус сѐ додека не се реши израелско-палестинското прашање.

Европската Унија го смета источен Ерусалим како палестинска територија под окупација на Израел. За сега ниту една земја членка на ЕУ не прифатила да ја премести својата амбасада во Ерусалим, и покрај тоа што некои од нив го поддржаа Трамп во својата одлука, како Унгарија, Чешка и Австрија. Доколку Романија навистина се одлучи на таков чекор, тоа несомнено ќе предизвика тензии помеѓу земјите членки, дотолку повеќе што Романија моментално претседава со ЕУ.

Print Friendly, PDF & Email