Русија донесе указ со кој се ограничува извозот на жито до крјот на јуни, додека во земјата расте бројот на случаи со корона вирус. Според официјална владина веб-страница, ограничувањата се однесуваат на пченица, пченка, јачмен, рж и мешавина на зрна наречена меслин. Само 7 милиони тони од овие жита може да се извезуваат.
Во средата, шефот на Светската здравствена организација и две други глобални агенции ги предупредија земјите за потенцијалниот недостаток од храна доколку се нарушат синџирите на снабдување храна.
Русија е најголемиот извозник на жито во светот. Земјата имаше извоз од над 35 милиони тони на жито и 43,3 милиони тони на сите зрна во земјоделската година од 2018 до 2019. Ограничувањата на се однесуваат на Казахстан и Белорусија, со кои Русија има основано Царинска унија.
Во владината наредба потпишана од страна на премиерот Михаил Мишустин се истакнува дека зрната се „од големо значење за домашниот пазар“ и воопшто не упатува на пандемијата со корона вирусот. Русија има 3,548 потврдени случаи на корона вирус, со 30 смртни случаи.