Руската амбасада во САД побара од Белата куќа и Стејт департментот да му издадат визи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и на сите членови на руската делегација за учество на Генералното собрание на ОН во септември. Ова го изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, пренесе МИА.
„Амбасадата веќе се обрати до Белата куќа и Стејт департментот со барање да ги исполни обврските на една земја на територијата на која е седиштето на ОН и веднаш да му издаде виза на министерот и на сите членови на руската делегација“, рече амбасадорот во изјава за руски медиуми.
Заменик портпаролот на ОН Фархан Хак изјави дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е во близок контакт со САД и Русија за прашањето за издавање визи за руската делегација за учество во неделата на политички дебати на високо ниво на сесијата на Генералното собрание на ОН во септември.