Русија ги отстрани хомосексуалните сцени од биографскиот филм за музичарот Елтон Џон. Тој ја критикува одлуката на рускиот дистрибутер на филмот „Рокетмен“ да цензурира некои сцени.
Џон и компанијата „Парамаунт Пикчерс“ во заедничко соопштение наведоа дека бришењето сцени кои прикажуваат геј секс и конзумирање дрога е „тажен одраз на поделениот свет во кој живееме“.
Овој филм во Русија ќе биде прикажан на 6 јуни.
Русија од 2013 година има закон за анти-геј пропаганда која забранува да се пуштаат секс сцени на мажи.