Обвинителката Вилма Русковка по излегувањето од Кривичниот суд, откако Судија на претходна постапка ѝ одреди 30 дневен притвор на Катица Јанева, изјави дека во овој момент тоа е неопходна мерка.
Рускоска за јавноста откри дека најголем дел од доказите се прибирале во текот на предистрагата во изминатите шест месеци, но и тоа дека истрагата сѐ уште е отворена.
Според Рускоска, постои судир на интереси поради тоа што Стеван Павлески ѝ е адвокат на Катица Јанева, бидејќи тој истовремено е и адвокат на Цветан Панделевски, осомничен во случајот на СЈО „Империја“.
Засега нема други осомничени во „Рекет“, но тоа не значи дека истрагата не може да се прошири на други лица, изјави Рускоска.
Распитот на Јанева,придружувана од Павлески, траеше речиси четири часа.