Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја намали царината за увоз на челик од Турција.
Трамп во прогласот кажа дека увозот на производи од челик од Турција во 2018 година паднал за 48 отсто, што резултирало со зголемување на искористувањето на домашната индустрија приближно до целното ниво што го препорача секретарот за трговија Вилбур Рос.
– Тоа ниво долгорочно ќе ја подобри финансиската одржливост на индустријата на челик во САД. Со оглед на ова подобрување, утврдив дека е неопходно и соодветно да се отстрани повисоката царина за увоз на челик од Турција, наведе Трамп.
Во декларацијата тој исто така нагласува дека одржувањето на нивото на царината од 25 отсто и понатаму е неопходно.
А.М.