Categories

СИРИЈА САД го поздравуваат пристигнувањето на хуманитарниот конвој на ОН

Американскиот Стејт департмент го поздрави тоа што Обединетите нации конечно можат да испорачаат хуманитарна помош за бегалскиот камп Рукбан во Сирија.

Оттаму велат дека тоа се случило по неколкумесечен притисок од САД, ОН и СБ на ОН, како и на меѓународната заедница во Дамаск, за да им се овозможи на ОН да им ја дадат потребната помош на раселените лица во Рукбан.

-Ние ја признаваме и улогата на Русија во убедувањето на режимот да ги исполни одредбите на Советот за безбедност на ОН за обезбедување хуманитарна помош со издавање на административни дозволи потребни за трансфер на тој конвој, се вели во соопштението.

Стејт департментот изрази надеж дека Русија ќе го искористи своето влијание врз Дамаск за да ги реши проблемите поврзани со пристапот до хуманитарна помош во голем дел од Сирија.

Хуманитарен конвој на ОН вчера пристигна во бегалскиот камп Рукбан во Сирија, во близина на границата со Јордан, каде што илјадници луѓе беа оставени сами на себе во пустина. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email