-Ги препознаваме тешките компромиси предвидени во овој компромис, кој го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик, стои во пораката од Стејт Департментот на САД.
Оваа одлука доаѓа во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа. Европската унија, која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори, порача од САД.












