На денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, заменикот државен секретар на САД, Џон Саливан, изрази силна поддршка на САД на Договорот од Преспа за решавање на спорот со кој Македонија.
Селиван истакна дека ова е патот кој води кон заслуженото место во НАТО, како Република Северна Македонија. Тој очекува дека пратениците ќе ги надминат целосно партиските цели и дека ќе стремат кон просперитетот на државата преку влез во ЕУ и НАТО.
Заев исткна дека парлелоно со процесот за уставни измени, ќе продолжат и потребните реформи што, според очекувањата, ќе резултира со позитивен извештај на ЕУ и почеток на преговорите во јуни 2019 за влез во Унијата.
На новинарско прашање за руското влијание во регионот, Селиван рече дека се јасни мотивите на Русија да го поткопаат Договорот од Преспа и дека ќе направи сè што е во нејзина моќ да го спречи влезот на Македонија во НАТО.
Б. Ј.
Фотографии: Александрос Стаматиу