Со ниту една лага и злоупотреба дезертерот Драган Ковачки не може да направи дефокус од криминалите на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски молчи 10 дена за сомнителен тендер од 136 милиони евра ама затоа Ковачки штанца невистини, се вели во денешната реакција на СДСМ на изјавата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката партија наведува дека „поранешниот полковник, Ковачки дезертирал од Армијата, армискиот чин го сменил за партиски, за да му служи на Христијан Мицкоски како пратеник. Тој има дисциплинска, се заканувал на претпоставените во Армијата“.
Затоа Мицкоски го одбра Ковачки кој треба да каже дали оддавал и воени и тајни и бил шпион против државата? Во ВМРО-ДПНМЕ ништо не се менува. Тоа е криминална партија и со ништо не може да направи дефокус од тоа, се додава во реакцијата.
Претходно на прес-конференција, Ковачки истакна дека „поминале цели осум денови од објавата дека премиерот на државата Димитар Ковачевски дезертирал и одбил да учествува во одбрана на државата во 2001 година. Со тоа што пред регрутната комисија поднесол документ дека е трајно неспособен, премиерот Ковачевски ги избегнал законските обврски кон државата на чие чело е во моментов. Сомнително и нејасно е, и како дезертерот Ковачевски се стекнал и се’ уште поседува безбедносен сертификат за пристап до државни тајни, имајќи во предвид дека истиот приложил документ дека е трајно неспособен со цел да избегне служење на воен рок“.