ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за состојбата на АД Водостопанство! – се вели во денешното соопштение на СДСМ.
Според владејачката партија, лошото организациско менаџирање поставено од ВМРО-ДПМНЕ е причина за лошата состојба и долговите на АД Водостопанство. Во нивното денешно соопштение се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ имаа игнорантски однос кон АД Водостопанство, а нивна единствена ориентација е криминал, провизии и богатеење. За проблемите со ова големо јавно претпријатие, СДСМ тврди дека се наследени од долгогодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и дека претпријатието сѐ уште страда од криминалите на поранешната власт.
„Владата предводена од СДСМ заедно со надлежното министерство и надлежните институции го препозна проблемот и интензивно се работи на реорганизирање и консолидирање на АД Водостопанство, сѐ со цел наводнувањето на површините низ цела држава да се одвива непречено“ – се вели во соопштението.
СДСМ ветува дека ќе продолжи со решавање на наследените и натрупани проблеми оставени од ВМРО –ДПМНЕ и дека ќе работи интезивно на подобрување на условите и можностите за работа на земјоделците и вработените во овој сектор.