• Latest
Фотографија: СДСМ

СДСМ на првата од низа прес конференции за трагедијата во Кочани: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

May 31, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

ФБИ во „лов“ на атентаторот на демократската пратеничка во Минесота

June 15, 2025
No kings - протести во САД (фото извор: FB / Meanwhile in Ukraine)

„Не за кралеви“ – протести во САД со „вкус“ на украинскиот отпор

June 15, 2025
Фотомонтажа: Скриншот од видео на The Guardian

Протести против Трамп ширум САД додека претседателот присуствуваше на воена парада

June 15, 2025
Последици од иранскиот напад врз израелскиот Бат Јам,. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Иран и Израел разменуваат ракетни напади додека беснее конфликтот, се зголемуваат пријавените жртви и штети на двете страни

June 15, 2025

Костовски: Едноставно, ние на Европа ѝ велиме – не нè интересира Унијата

June 14, 2025

Иран се заканува со затворање на Ормускиот теснец – излез на Персискиот залив и една од најважните геостратешки точки во светот

June 14, 2025

Би-Би-Си: Крајната цел на Израел може да биде промена на режимот во Иран, но под голем ризик

June 14, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Дерала: Во земја без море, родена е спасителката на океаните, од Кичево до Пацификот

June 14, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 18:05 часот -„Пожарот не беше несреќен случај, туку масовно убиство“ велат семејствата на жртвите

June 14, 2025

„Техеран ќе гори“: Израелскиот министер за одбрана го предупредува Иран за ракетните напади

June 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ на првата од низа прес конференции за трагедијата во Кочани: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

May 31, 2025 14:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фотографија: СДСМ

Фотографија: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

На првата од најавените серија прес -конференции „Вистината за Кочани“, потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова изјави дека  СДСМ остави простор истрагата да биде завршена целосно и  дека ќе има правда, но ниеден од актуелните финкционери не е обвинет.

„Од денес ги поставуваме клучните прашања и ги изнесуваме клучните докази кои очигледно се кријат за да се заштитат оние од власта. Прво заштитено лице е Дејан Салтировски.

Обвинителството мора да одговори:

Дали постои пишана наредба за акциска контрола во која стои дека вратите на дискотеката Пулс треба да бидат затворени? Ова е спротивно на стандардните операциски процедури. Прашуваме кој бил потпишан на таквата наредба?

Зошто ако обвинителството поседува ваков документ нема ниту еден обвинет актуелен полициски функционер од таа вечер?

Понатаму, Обвинтелството и Власта мора да одговорат зошто нема обвинение против тогаш актуелниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски?  Тој знаел или морал да знае дека во наредбата за акциска контрола спротивно на СОП стои дека ќе бидат затворени вратите во дискотеката Пулс?!“, изјави Шукова.

Таа го постави и прашањето зошто обвинителството не го објави јавно видеото на кое се гледа началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски во периодот 12:30 до 01:20 част пред дискотеката Пулс во Кочани.

„Дали Дејан Салтировски е заштитен од кривичен прогон затоа што ее во кумовска врска со Орце Тодоровски – Ефто еден од најблиските соработници и бизнис партнери на Христијан Мицкоски со кој градеше хидроцентрални и кој беше обвинет за милионски криминал во случајот Делчевски ниви? Дали Дејан Салтировски е заштитен лично од Панче Тошковски кој што бил негов адвокат и не само што правно го застапувал туку како вработен во гранична полиција на полицајците им нудел потпишано полномошно од адвокат Панче Тошковски со цел да испумпуваат пари од буџетот на државата? Дали е точно дека Дејан Салтировски подолго време не можел да добие безбеносен сертификат и ако е така како е можно да биде поставен на една така висока позиција во МВР?“, изјави Шукова.

Шукова го повика Обвинителството да се ослободи од стегите на власта и да врши селективна правда. Таа најави дека СДСМ ќе ги објави последователно на повеќе прес конференции сите информации што ги има поврзани со трагедијата во Кочани.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    489 shares
    Share 196 Tweet 122
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    219 shares
    Share 88 Tweet 55
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ