Oд владејачката партија СДСМ велат дека не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат аболицијата на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, додавајќи и дека не им успеа ниту планот на опозициската партија да ги спаси криминалците од своите редови.
„ВМРО-ДПМНЕ од 2015 година па досега тврдеше дека одлуката на Иванов е исправна и врз основа на постоечки член. Законодавно-правната комисија го потврди тоа што СДСМ со години го тврди, дека членот 11 на кој тој ги темелеше помилувањата не постои во правниот систем.
Вчера на седницата на Законодавно-правната комисија без збор, без дискусија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа дека не постои таков член односно дека Иванов надвор од законот аболицирал врз основа на непостоечки член.
Сега е тоа официјален собраниски документ кој потврди дека помилувањата на Иванов се незаконски и со тоа ништовни Ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување и аболицијата на Иванов е незаконска и ништовна.
СДСМ не дозволи да оживее незаконската аболиција на Ѓорге Иванов. СДСМ не дозволи и нема да дозволи нови амнестии, одговорност за сите мора да има“, соопштуваат од Центар за комуникации на СДСМ.