Генералниот секретар на СДСМ , Љупчо Николовски, на прес конференција ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници. Станува збор за 16 кандидати, со кои како што рече Николоваски, СДСМ оди на голема победа на локалните избори.
Кандидатите за градоначалници се:
Општина Прилеп – Горан Сугаревски
Општина Свети Николе – Сашо Велковски
Општина Карпош – Душко Весковски
Општина Тетово – Хенди Алезовиќ
Општина Аеродром – Александар Филиповски
Општина Сопиште – Сашо Стојановски
Општина Јегуновце – Дарко Блажевски
Општина Кавадарци – Горан Тодоров
Општина Кратово – Влатко Бојковски
Општина Чешиново – Горан Крстев
Општина Зрновци – Виктор Ангелов
Општина Илинден – Александар Тодоровски
Општина Демир Хисар – Стевче Митревски
Општина Велес – Ненад Коциќ
Николовски истакна дека шанса им се дава пред се на нови и млади луѓе кои се ценети меѓу граѓаните. Тој додаде дека актуелниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоевски ќе биде вработен во некоја позиција во државна институција.












