Како што најави претходно, СДСМ денес, со прес конференција започна да ги открива, како што се вели во партискоото соопштение, „скандалите за криминалот на Владата на Мицкоски“.
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, изјави дека станува збор за првиот од серијата скандали на Владата. Притоа, посочи дека фирмата „Дигитал оне“, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тенеди од скоро девет милиони евра, народни пари. Сите овие тендери биле со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025.
Тој посочи дека фирмата била основана од „извесен Кристијан Арсовски“ и има само двајца вработени. Од шест државни тендери, дури четири биле со Генералниот секретаријат на Владата. Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра, рече тој.
„Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добијат речиси 9 милиони евра“, праша Генералниот секретар на СДСМ, притоа прашувајќи „дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димче Арсовски“.
Тој ги повика Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да реагираат и да отворат истрага.
Овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжиме да говориме, нагласи Димитријевиќ. Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите.
Генералниот секретар на СДСМ посочи дека Мицкоски е само негов ученик и извршител и предпреди инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш! За сите!
Крадењето мора да престане, веднаш!“, истакна Димитријевиќ.
Документи објавени на пресот од СДСМ:
Арсовски негира поврзаност со „Дигитал оне“ и роднински врски со газдата
Димче Арсовски, член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, остро ги демантира наводите дека бил во некаква поврзаност со лицето Кристијан Арсовски, за кое СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека било вмешано во спорен милионски тендер преку фирмата „Дигитал оне“.
„За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери.“
М. Д.
















